ДОБРОВОЛНО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
Дозволете Халк осигурување да биде Ваш партнер кога се работи за Вашето здравје, здравјето на Вашето семејство како и здравјето на Вашите вработени!
Одлуката да обезбедите покритие за приватно здравствено осигурување е правиот чекор кон обезбедување здравствена заштита и сигурност.
Доброволното приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување е наменето е за сите кои сакаат повисок стандард на здравствена заштита преку покривање на
трошоци за здравствени услуги кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, трошоците за здравствени услуги користени во
дополнителната дејност, како и користење на здравствените услуги надвор од мрежата на здравствени установи во кои се врши
здравствена дејност и кај правни лица кои вршат изработка, издавање и сервисирање на ортопедски помагала.
КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ КОРИСНИК / ОСИГУРЕНИК
Корисник/осигуреник на доброволното приватно здравствено осигурување може да биде само лице кое има статус на осигуреник
во задолжителното здравствено Осигурување(од 0-64 години).
Осигуреници со ова осигурување можат да бидат и лица странски државјани кои се
надвор од системот на задолжитено здравствено осигурување со регулиран престој
Деца помлади од 18 години, можат да се осигурат единствено на иста полиса со родителот.
Премијата зависи од старосната група на која припаѓа осигуреникот.
ШТО ПОКРИВА ОВА ОСИГУРУВАЊЕ
Основно покритие: „Специјалистички медицински третман“ –обезбедува покривање на трошоците за услуги потребни за
поставување на дијагноза, односно за лекување на новонастаната болест,
состојба или повреда. Годишен агрегат за ова покритие е 10 000 евра:
Основно покритие: „Операции“ – обезбедува покритие на трошоците за операции што се произлезени од медицински основани индикации,
односно оправдани и соодветно на здравствената состојба на осигуреникот
- пропишани од надлежен лекар. Годишен агрегат за ова покритие е 10.000 евра.
Осигурувањето може да се склучи како индивидуално, семејно и колективно осигурување.
Територијална важност на ова покритие е Република Северна Македонија, како и можност за операции во Турција